Атина: Банкрот ако до крајот на април нема договор со кредиторите

14.04.2015 11:18

Евентуалниот грчки банкрот ќе значи досега незабележен шок за еврозоната...

Весникот „Фајненшл Тајмс“ објави дека Грчката Влада се подготвува да прогласи банкрот на државниот долг, доколку до крајот на април не успее да постигне договор со кредиторите.

Натаму се вели дека Владата решила да се откаже од враќање на долгот од 2,5 милијарди евра кон Меѓународниот монетарен фонд што требаше да бидат префрлени во текот на мај и јуни, доколку не се постигне спогодба.

Според весникот, евентуалниот грчки банкрот ќе значи досега незабележен шок за еврозоната. Меѓудругото се наведува дека европските влади исто така подготвуваат вонредни планови за случај на евентуален грчки банкрот.