Откриени 15 сириски мигранти
14.04.2015 12:33
При рутинска контрола на клучката од автопатот Штип-Велес, полицијата во шлепер открила 15 Сиријци...

Уште еден случај на криумчарење мигранти од Блискиот Исток. При рутинска контрола на клучката од автопатот Штип-Велес, полицијата во шлепер открила 15 Сиријци.
Во моментов тие се на распит во полицијата. Осомничен е возачот на камионот.
Според СВР-Велес, случајот нема поврзаност со вчерашното апсење на татко и ќерка кои организирано превезувале 16 Сиријци.
