Клиничка патека за пациентите со малигни заболувања
Со клиничките патеки е утвредно по добивање на позитивен наод да биде доставен или поставен на тумор-борд и целокупниот тек на лекувањето да се врши согласно медицина базирана на докази и меѓународните стандарди.

Се скратува времето на чекање за пациентите со малигни заболувања. Преку таканаречената „Национална клиничка патека“ ќе се утврдуваат роковите за прегледи.
Целта со дефинирањето на клиничките патеки е да се утврди максималното време на чекање, односно од моментот на појава на индикација (суспекција) до извршување на првата дијагностичка процедура да не поминат повеќе од седум дена, а за добивање на хистопатолошки наод да не се чека подолго од 21 ден, рече министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција.
Со клиничките патеки е утвредно по добивање на позитивен наод да биде доставен или поставен на тумор-борд и целокупниот тек на лекувањето да се врши согласно медицина базирана на докази и меѓународните стандарди.
Министерот Тодоров прецизира дека станува збор за максимални рокови кои можат да бидат и пократки, но во одредена ситуација тумор-бордот може да го зголеми рокот доколку е потребно да се направат дополнителни испитувања, да се добие второ мислење или, пак, материјалите да се пратат во друга установа во земјава или странство.
