Од Хрватска екстрадиран осомничен од полициската акција „Чекан“

14.04.2015 14:25

Против него имаше кривична пријава под сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство и перење пари...

Македонското МВР во соработка со хрватската полиција ја заврши екстрадицијата на гостиварец, еден од инволвираните во случајот „Чекан“. Против него имаше кривична пријава под сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство и перење пари.

На 10-ти јануари беше уапсен на граничниот премин Бајаково по распишана меѓународна потерница од страна на Интерпол и беше спроведен во ектрадиционен притвор во Хрватка.

Во случајот „Чекан“ беше поднесена кривична пријава против 19 физички и едно правно лице, додека пак во продолжение на акцијата следуваше кривична пријава и за полициски службеник и командир на гостиварската полициска станица.