Фудбал

Вжештениот „Калдерон“

14.04.2015 14:29

Со студенило околу срцата фудбалерите на кралскиот клуб денеска го минуваат прагот на „Калдерон“,свесни за се што ги очекува во градското соседство...

Мадрид  е под најсилен фудбалски набој! Атлетико после два месеца одново го пречекува Реал. Како да им нема крај на нивните, неверојатно примамливи пресметки! Сега во непредвидливите  ¼ финални води од Лигата на шампионите. А, во потсвеста на двата табора се драматичните слики од Лисабон во ланското мајско финале, кога само секунди го делеа Атлетико од вечната слава, но на суров начин се испречи главата на Серхио Рамос, отворајќи му го на Реал Мадрид патот до „Ла децима“, до десеттиот јубилеен трофеј.Ова е нова голема битка!

Со студенило околу срцата фудбалерите на кралскиот клуб денеска го минуваат прагот на „Калдерон“,свесни за се што ги очекува во градското соседство. Последното искуствоод „Примера“ беше со депримирачките 0:4! Претходно, исто така добија жешка шлаканица кога беа елиминирани  во Купот на Шпанија, па пред тоа поразени  во Супер купот...и така сезоната тече, сеуште без победа на Реал.Вкусот е горчлив,а моментот деликатен,за Реал  можеби одлучувачки во сезоната.Дали психолошката предност останува на страната на „црвено-белите“од „Висенте Калдерон“.Тие за предводник  го имаат  „нескршливиот“ борец Диего Симеоне.Тренер, кој ужива во силниот електрицитет предизвикан од големото мадридско дерби и ужива во него. Играчите бескрајно му веруваат и победнички му враќаат.!Карло Анчелоти е многу искрен,кога вели:„ Да се сретнеш со „Чоло“ Симеоне е голема чест, но истовремено и голема неволја“.

Вечер ќе се игра и во Торино, но вжештувањето на тревникот на „Јувентус арената“ е далеку послабо. Респект заслужуваат Јувентус и Монако, и тие се дел од завршниот октет на Лигата на шампионите, но свесни се дека главната претстава вечерва сепак  е во Мадрид.

Лига на шампиони:1/4 финале

20.45 Атлетико Мадрид-Реал Мадрид

20.45 Јувентус-Монако