Нов случај на криумчарење мигранти

14.04.2015 15:04

Веднаш штом шлеперот бил запрен, дел од мигрантите скокнале од приколката и избегале во непознат правец. Оние кои неуспеале да побегнат беа пренесени во СВР во Велес...

Полицијата пресече нов обид за шверцување на мигранит по автопатот Александар Велики. Овој пат во шлепер, кај Велес. Четириесет годишен скопјанец го управувал товарното возило во кое имало поголема група на мигранти од Сирија. Веднаш штом шлеперот бил запрен, дел од мигрантите скокнале од приколката и избегале во непознат правец. Оние кои неуспеале да побегнат беа пренесени во СВР во Велес.

По завршување на истаргата, полицијата на возачот на шлеперот ќе му поднесена кривична пријава. Од полициската станица во Велес тој веднаш беше предаден на истражните органи во Скопје.

Мигрантите од велешката полициска станица околу пладне беа пренесени во регионалниот центар „Југ“.

За само два дена, ова е втор случај како плицијата открива шверц на мигранти по македонските автопати. Ова го отвара и прашањето дали пругата мигрантите ја заменија со автопатската делница.

Дијана Иванова