Седници на четири собраниски комисии
13.01.2014 11:55
Комисиите за економски прашања, за надворешна политика, за култура и за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија.

Комисиите за економски прашања, за надворешна политика, за култура и за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај и за за вонсудско спогодување, двата во второ читање, како и предлог-законот за дополнување на Законот за индустриската сопственост, во второ читање и предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, во прво читање.
Предлог-законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за правна помош во граѓанските и кривичните предмети е на дневен ред на седницата за Комисијата за надворешна политика.
Членовите на Комисијата за култура ќе го разгледаат Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, во прво читање.
На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се Предлог - законот за квалитет и безбедност на ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, во второ читање и предлог-законот за дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните, исто така во второ читање.
