Не е за врвот, но сепак е дерби
Актуелниот шампион Металург и екипата на Зомимак не се откажуваат од евентуално изненадување и против четвртфиналистот во Лигата на шампионите...

Не е спортски,но ако објективно се согледа квалитетот на Вардар,тогаш реално битката во плеј-офот од машката ракометна супер лига ќе се сведе на борба за второто место, иако најголемите претенденти за таа позиција, актуелниот шампион Металург и екипата на Зомимак не се откажуваат од евентуално изненадување и против четвртфиналистот во Лигата на шампионите...
Сепак,централно место во амбициите зазема нивната меѓусебна пресметка,чие прво полувреме ќе биде одиграно вечерва во Скопје. Струмичани оптимистички најавуваат дека се освен победа за нив ќе биде неуспех, но и изменетиот и подмладен состав на Лино Червар е убеден дека има квалитет да се носи со поискусниот тим на Зомимак и да слави со разлика што по реваншот во Стерумица ќе биде доволна за освојување на второто место. Во првите две кола Металург ги совлада Радовиш и Прилеп,додека Зомимак славеше над Пролет,а го одложи мечот со Вардар.Во рамките на третото суперлигашко коло од плеј-офот Радовиш славеше над Прилеп со 34-27,дуелот меѓу Пролет и Вардар е одложен ,а натпреварот Металург –Зомимак ќе биде одигран од 19 часот со пренос од салата во Автокоманда на собранискиот сервис на МРТ.
