Пешаците најранливи: Во наредните 45 дена едукација за собраќајна култура
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во наредните 45 дена со кампања и активности на терен ќе ги советува возачите, велосипедистите, моторциклистите и пешаците за сообраќајната култура. Во меѓувреме пак, со засилени полициски контроли ќе се надгледуваат критичните точки...

„Да дадеме пример на децата како да се однесуваат во сообраќајот“ - „Пензионери, учествувајте одговорно во сообраќајот“, се дел од пораките за подигнување на свеста кај ранливите учесници.
Приоритет на кампањата се децата, возрасните над 65 години, лицата со посебни потреби, како и мотоциклистите и велосипедистите. Ова е продолжение на кампањата од минатата година „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“.
„Кампањата ќе трае 45 дена, почнувајќи од денес до 31 мај, период во кој секој ден ќе има настани со цел подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот“, изјави Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП.
Полицијата со засилени контроли на терен ќе проверува, се почитува ли Законот за безбедност во сообраќајот.
„Поголем надзор на пешачките премини, пред основните училишта, градинките како и местата каде има поинтензивен број на пешаци“, нагласи Анастасија Илиевска, државниот секретар во МВР.
Според податоците на МВР пешаците се најранливата група учесници во сообраќајот. Бројот на жртви во сообраќајните несреќи во 2012-та година во споредба со 2001-та е намален за 50 проценти.
Во 2013 година во сообраќајни несреќи загинале 45 пешаци, минатата година 35.
Наташа Јанчиќ
