Поголема конкурентност: Соработката не е само желба- туку неопходност

14.04.2015 16:21

Преку новиот бизнис директориум, странските менаџери ќе имаат директен пристап до сите информации за домашните фирми, по големина, профил, дејности, остварена добивка. Интегрирана база на податоци со внесена понуда и побарувачка- можност без посредништво да се оствари соработка...

Македонските фирми имаат капацитет, ги исполнуваат  стандардите. Странските компании што повеќе да ги користат за да добијат поевтини производи, да ги намалат трошоците. Соработката е нужност не само желба. Да го понудат најдоброто што можат -  порачува Советот на инвеститори. Повеќе од 500 компании што креираат бизнис зделки со индустриските зони стануваат конкурентни, генерираат повисок економски раст, нови работни места.

„Со тоа ќе има помали производствени, транспортни и други трошоци, ќе се заштедат време и капитал, значајна придобивка од ваквата синергија ќе бидат размената на технологии, знаења, вештини, ќе се отворат нови работни места, домашните фирми ќе се интрегрираат во глобалните економии“, охрабрува Хуан Наваро, претседател на Советот на странски инвеститори во Република Македонија.

Преку новиот бизнис директориум, странските менаџери ќе имаат директен пристап до сите информации за домашните фирми, по големина, профил, дејности, остварена добивка. Интегрирана база на податоци со внесена понуда и побарувачка- можност без посредништво да се оствари соработка.

„Домашните компании преку краток опис на компанијата, референта листа сертификатите кои ги поседуваат, можат да дојдат до директна комуникација со странски сорабник, странски инвеститор“, објасни Снежана Камиловска од Стопанската комора.

Расте бројот на компании од зоните кои набавуваат репорматеријали произведени во Македонија, ангажираат локални фирми да изработуваат компоненти, да вршат транспорт и логистика.

Веруваме во Вашата земја и успешноста на нашата инвестиција –  со овој став Советот на странски инвеститори се огради од коментари за влијанието на политичката состојба врз деловното работење.

 

Сузана Фиданска- Стоевска