Нема чекање со денови за пациентите со малигни заболувања

14.04.2015 16:33

Се скратува времето на чекање за пациентите со малигни заболувања. Не повеќе од седум дена за првиот преглед кога има сомнеж за канцер. Подобар третман на болните предвидуваат клиничките патеки кои ќе се применуваат од следната недела...

Кога лекарот ќе се посомнева дека пациентот е болен од канцер, тој нема да чека повеќе од седум дена за првиот преглед. Хистопатолошкиот наод ќе мора да биде готов за 21 ден. Подобар третман за болните од малигни заболувања предвидуваат Клиничките патеки кои се обврска со последните законски измени, а ќе се применуваат од следната недела.

„Со клиничките патеки е утврдено по добивање на позитивен наод истиот да биде доставен или поставен до тумор борд и целокупниот тек на лекувањето да се врши согласно медицина базирана на докази и меѓународните стандарди. Станува збор за максимални рокови, незначи дека сите треба да бидат во тој рок од 7 дена, некои ќе бидат веројатмно и пократко“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Клиничките патеки ќе бидат вметнати и во системот за закажување „Мој термин“.

„Самиот систем ќе обезбедува термини  за дијагностички процедури во предвидениот рок со издавање на „приоритетен упат“. Тоа е намерно направено за да нема влијание од човечкиот фактор при кририањето на термините“, нагласи Тодоров.

Изготвени се повеќе од 30 клинички патики за третман на малигни заболувања кои најчесто се појавуваат. Рак на дојка, бели дробови, карцином на дебело црево, бубрег, желудник, рак на грлото на матката и други.

 

Андријана Атанасовска