Со „СМС (Сите мои слики)“ на Рисимкин почнува „Танц фест“
14.04.2015 18:43
На фестивалот ќе настапат танцови компании од Бугарија, Холандија и од Кина, а програмата ќе се одвива во Скопје и во Велес...

Со претставата „Сите мои слики“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, вечер на големата сцена на МНТ се отвора годинашното издание на „Танц фест“.
На фестивалот ќе настапат танцови компании од Бугарија, Холандија и од Кина, а програмата ќе се одвива во Скопје и во Велес.
„Танц фест“ се затвора на 28-ми април на сцената на Велешкиот народен театар со извонредните „Драгон кунгфу“- современа танцова компанија од Пекинг.
