Водство на Црвена звезда и на Будуќност
Благодарение на агресивната дефанзива Црвена Звезда имаше предност во текот на целиот меч, најмногу со 13 поени. Кошаркарите на Партизан го затворија Марјановиќ ...

Домаќините ја искористија предноста на сопствениот паркет во првите натпревари од полуфиналињата во АБА лигата, па Црвена Звезда поведе против Партизан, а Будуќност во пресметката со Цедевита.
Во белградското дерби, црвено – белите беа подобри, имаа повеќе расположени играчи и затоа ги совладаа црно – белите со 73:64. Благодарение на агресивната дефанзива Црвена Звезда имаше предност во текот на целиот меч, најмногу со 13 поени. Кошаркарите на Партизан го затворија Марјановиќ и го задржаа на само 4 коша, со зонска одбрана се враќаа, најблиску до 3 разлика, но промашија многу отворени шута. Играч на натпреварот беше Џенкис со 19 поени, кога домаќинот се одвојуваше во финишот му помогна и Калиниќ кој реализираше 13 коша. Во лошите 33 проценти за шут од поле, најефикасен кај Партизан беше Мачван со 12 поена, Павловиќ постигна 11, но сите во првото полувреме.
Во неизвесен прв полуфинален дуел во Подгорица пак, Будуќност не му дозволи брејк на минатогодишниот финалист, Цедевита и славеше со 82:81. Во поголемиот дел од натпреварот, загрепчани имаа водство, најмногу од девет разлика, но во драматичната завршница клучни беа четирите реализирани слободни фрлања на Савовиќ коишто ги анулираа гостинските тројки на Томас и на Пилепиќ во последната минута. Домашниот кошаркар Савовиќ беше најефикасен со 20 поени меѓу кои и победоносните од линијата на две секунди до крајот, Рејнолдс постигна 17, кај хрватскиот првак Бабиќ даде 14, Томас 13, а Билан 12.
Во сериите поуспешен во максимум пет натпервари, одмор нема, па утре во истите сали ќе се одиграат вторите дуели. Преносите ќе бидат на МРТ Собранискиот сервис, од Подгорица во 18.30, а од Белград во 21 часот.
