Советот на странски инвеститори и Агенцијата за инвестиции со Меморандум за меѓусебна соработка

13.01.2014 12:05

Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија денеска ќе го претстави новозибраниот претседател, извршниот директор на „Арчелор Митал“ - Скопје Хуан Педро Иманез Наваро.
Како што соопшти Стопанската комора на Македонија, Наваро, како претседател на Советот, и директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида ќе потпишат Меморандум за соработка. 
 
На настанот ќе учествуваат и потпретседателите на Советот на странски инвеститори Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на „ЕВН“ и Џатин Такрар, директор на „Џонсон Мети Македонија“.