Г-7 средба во Либек: Од Москва се бараат дополнителни чекори за деескалација на кризата во Украина
Групата 7 земји не е подготвена да седне на иста маса со Русија, иако, според Штајнмаер, Германија не сака земјата да остане исклучена и изолирана на неодредено време...

Шефовите на дипломатиите на најразвиените економии се сретнаа во германскиот град Либек во Г-7 формат, без Русија, втор пат од анексијата на Крим. Германскиот министер за надворешни Штајнмаер побара од Москва дополнителни чекори за деескалација на кризата на истокот на Украина.
До тогаш, Групата 7 земји не е подготвена да седне на иста маса со Русија, иако, според Штајнмаер, Германија не сака земјата да остане исклучена и изолирана на неодредено време бидејќи е потребна во решавањето на прашања како конфликтот во Сирија.
За време на средбата, групи демонстранти се судрија со полицијата во Либек.
