Хилари Клинтон од Ајова ја почна претседателската кампања
Клинтон во Монтичело се сретна со студентите и жестоко го критикуваше актуелниот даночен систем кој им оди во полза на менаџерите...

Поранешната прва дама Хилари Клинтон на кафе во Ајова ја почна кампањата за номинација за кандидат за претседателските избори 2016 година.
„Дојдов во Ајова да поразговарам со луѓето како стојат работите и што ги мачи, со кои предизвици се соочуваат. Ќе зборуваме за идеи и политики. Сакам да дознаам што функционира“, изјави Хилари Клинтон, кандидат за демократска номинација.
Клинтон во Монтичело се сретна со студентите и жестоко го критикуваше актуелниот даночен систем кој им оди во полза на менаџерите. Исто така, изрази загриженост што раководителите заработуваат 300 пати повеќе од обичниот работник и за високите трошоци за образование.
