Главното дефиле на Вевчанскиот карневал

13.01.2014 12:16

На Вевчанскиот карневал денеска ќе се одржи главното дефиле под маски.  Преку маските и годинава вевчанци на специфичен начин ќе ја покажат својата дарба за хумор и сатира, а според најавите, нема да изостанат и традиционалните маски Зет, Невеста и Глупавиот Август.
 
Претпладнето ќе се одржи детското катче за изработка на маски, а потоа ќе стартува дефилето под маски. Потоа василичарите ќе се упатат кон посета на неколку домаќинства на вевчанци каде што ќе можат да вкусат традиционални јадења и пијалоци. Потоа следуваат Акустичен концерт во Амфитетар, натпреварите во буткање рака, пиење ракија и јадење луканци.
 
Вечерта ќе биде прогласена најдобрата маска на карневалот за 2014 година, а гостите ќе ги забавуваат Теодулија етно бенд и изведувачите на народни песни Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски и Сузана Спасовска.
 
Вевчанскиот карневал завршува утре со традиционалното палење на маските.  
 
Карневалот се одржува под покровителство на Владата и Министерството за култура, а е потпомогнат од повеќе компании.