„Старо донеси, ново однеси“ - еко кампања за замена на неисправни за нови апарати

15.04.2015 13:12

За секој предаден стар и нефункционален електронски и електричен апарат од домаќинството, во салоните на Техномаркет, ќе се добива вредносен ваучер кој што ќе може да се искористи за купување на нов производ...

Од денеска до 15 мај еко- акција на Техномаркет и компанијата Нула отпад. Под мотото „Старо донеси ново однеси“ граѓаните ќе можат бесплатно да се ослободат од стариот и нефункционален електронски и електричен отпад и да купат нов по пониски еко цени во салоните на Техномаркет.

Според Законот за управување со отпадот од ваква опрема, кој стартуваше на 1 јануари,  предвидени се казни во висина од 60 евра за оние кои ќе го фрлат електронскиот отпад на несоодветно место.

Собраниот износ од добиените ваучери ќе може да се искористи за купување на нов производ од продажните салони на Техномаркет во текот на следните 30 дена, од подигнување на ваучерот.