Два милиони евра за нови вработувања

15.04.2015 13:20

Со вториот директен грант, ќе се придонесе за збогатување на активностите на Агенцијата за вработување како директна поддршка за невработените лица, преку активните мерки за вработување...

Пет илјади невработени лица, преку обуки и практиканство ќе се вклучат на пазарот на трудот. Ќе се здобијат со вештини, за полесно да дојдат до работа. Станува збор за Грант од над два милиона евра од ИПА фондовите, за намалување на невработеноста во земјава.

Со вториот директен грант, ќе се придонесе за збогатување на активностите на Агенцијата за вработување како директна поддршка за невработените лица, преку активните мерки за вработување, или поточно преку мерката  практикантство ќе се овозможи на 1000 невработени млади лица до 29 години да посетуваат обуки за  практикантство и на 1000 лица да посетуваат обуки  кај познат работодавач во реални работни услови. Исто така, предвидено е 2000 невработени лица да се вклучат во  обуките за општи вештини (учење на странски јазици и основни комјутерски вештини)  и 720 долгорочно невработени лица во обуки за вештини дефицитарни на пазарот на труд од кои 220 лица ќе се вклучат во обуки за напредни ИТ вештини, или околу 5.000 невработени лица, објасни министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, очекува и овој проект успешно да се заврши, да се постигне висок процент на вработување на овие лица, а воедно ќе има помал процент на невработени со почнувањето на следниот проект.