УНХЦР: Не се прави доволно за да се спасат мигрантите
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, УНХЦР реагираше по трагичниот бродолом кај либискиот брег во кој настрадаа 400 мигранти, млади луѓе и веројатно многу деца...

Не се прави доволно за да се спасат животите на се поголемиот број мигранти што пробуваат да преминат преку Средоземното Море до Европа. Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, УНХЦР реагираше по трагичниот бродолом кај либискиот брег во кој настрадаа 400 мигранти, млади луѓе и веројатно многу деца.
Само од петокот на италијанскиот брег се истовариле 8 илјади бегалци, а уште стотици спасени од бродови треба да пристигнат во Сицилија во текот на денов.
Статистиката покажува дека над 500 луѓе загинале од почетокот на годинава, 30 пати повеќе отколку во истиот период лани. Минатата година во Европската Унија влегле над 280 илјади бегалци.
