Победата заслужена, поразот превисок
Данска заслужено ја победи нашата најдобра ракометна репрезентација, но поразот на крајот се чини беше превисок во однос на прикажаното-беше оценката на селекторот Обрван на денешниот брифинг со македонските новинари во Хернинг. Но и во поразите има нешто добро, па доколку се извлечат поуки од премиерниот настап на европското првенство и се отстранат недостатоците пред се во фазата на реализација тогаш Македонија може да се надева на продолжен престој во Данска за што е потребна победа над Чешка во утрешниот натпревар.
Данска заслужено ја победи нашата најдобра ракометна репрезентација, но поразот на крајот се чини беше превисок во однос на прикажаното-беше оценката на селекторот Обрван на денешниот брифинг со македонските новинари во Хернинг. Но и во поразите има нешто добро, па доколку се извлечат поуки од премиерниот настап на европското првенство и се отстранат недостатоците пред се во фазата на реализација тогаш Македонија може да се надева на продолжен престој во Данска за што е потребна победа над Чешка во утрешниот натпревар. Свесни дека нема да биде лесно особено откако чесите беа декласирани од Австрија во првиот натпревар, сепак е присутен голем оптимизам меѓу нашите ракометари. Според Лазаров формулата за успех е да се концентрираме на нас самите, да покажеме дека имаме искуство и квалитет што би било доволно да се повтори натпреварот од Ниш пред две години кога исто така преку Чешка ја обезбедивме втората фаза. За Ванчо Димовски утрешниот натпревар е финале за двете репрезентации и како што вели:„Се надевам дека се што беше лошо вчера излезе од нас“.
На европското првенство денеска е слободен ден во А и Б групата. Се играат натпреварите Србија-Полска и Франција-Русија во Ц групата во Архус и Хрватска-Белорусија и Шведска-Црна Гора во рамките на Д групата во Копенхаген. Ние со нетрпение го очекуваме утрешниот ден и натпреварот
Македонија-Чешка. Ни се отвора голема шанса што мора да се искористи.
Денеска во Хернинг паѓа снег. НАшиот народ вели дека е бериќет.Нека биде за нашата репрезентација.
