Телеком ќе распредели 2,26 милијарди денари дивиденда

15.04.2015 14:59

Дел од колачот ќе поделат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во акционерската книга до четврти мај годинава...

Македонски Телеком ќе исплати дивиденда тешка над две милијарди и 260 милиони денари, односно 26,23 денари по акција.  Одлуката е донесена на годишното собрание на Македонски телеком одржано денеска  на која се усвоени годишната сметка,  консолидираната годишна сметка, ревидираните финансиски извештаи, ревидираните консолидирани финансиски извештаи и годишниот извештај за работењето на друштвото за 2014 година.

Дел од колачот ќе поделат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во акционерската книга до четврти мај годинава. Државата поседува 36,38 насто од акциите. Панче Кралев, Небојша Стајковиќ и Мелинда Модок се новите неизвршни членови на одборот на директори.