Отворена Канцеларија за превенција во Стајковци
Канцеларијата за превенција ќе им биде на располагање на граѓаните од населените места Стајковци, Сингелиќ, Црешево, Булачани, Раштак, Виниче, Смиљковци, Страчинци и Брњарци...

Отворен е центар за превенција во Стајковци. Жителите поедноставно ќе може да пријават инцидент или насилство. Полицијата веднаш ќе се активира.
Канцеларијата за превенција ќе им биде на располагање на граѓаните од населените места Стајковци, Сингелиќ, Црешево, Булачани, Раштак, Виниче, Смиљковци, Страчинци и Брњарци.
Изминатиот период вакви канцеларии за превенција беа отворени и на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба и тоа во просторите на Кино Маџари и во просториите на културниот дом „Григор Прличев“ на подрачје на Полициската станица „Ѓорче Петров“.
