„Стрежево“ ќе ја проширува наводнувачката мрежа
Со четиргодишната инвестиција од владината програма тешка над 12 милиони евра ХМС „Стрежево“ ќе ја проширува наводнувачката мрежа во атарите на општините Новаци и Могила за доплнителни 4.000 хектариж. Проектната документација за реализација на првата фаза е готова, стартот се очекува по намалување на влагата во Пелагонија...

Хидро системот „Стржево“ ќе ја проширува наводнувачката мрежа во Пелагонија на дополнителни 4.000 хектари. Реализацијата на инвестицијата вредна над 12 милини евра ке значи исполнување на дводеценискито сон на многу пелагониски земјоделци кои наводнувањето го вршеа преку секундарни канали и други алтернативни решенија. Тоа ќе значи збогум на маките, но и можност за позасилен економски развој, велат од локалните самоуправи на општините Новаци и Могила.
„Ваквата активност со задоволство е прифатена од индивидуалните земјоделци но тоа ќе ни овозможи и за потенцијалните инвеститори кои се интересерат за вложување во земјоделието“, вели градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.
„Ќе се зголемат обработливите површини, а со тоа и производството на храна што би значело побогато население и средства што ветуваат позасилен економски развој на нашата неразвиена општина“, вели градоначалникот на општината Могила, Стево Пивковски.
Оваа четиригодишна капитална инвестиција ќе се спроведува во неколку фази. Проектната документација за првата ваза која покрива околу 600 хектари е готова. Поплавите ќе го пролонгираат стартот.
„Почетокот на градежните работи го диктираат временските услови. Поплавите и високите подземни води во Пелагонија не попречуваат да го означиме почетокот но се надевам дека за скоро ќе се создадат потребните услови“, вели директорот на ХМС „Стрежево“, Маријан Геровски.
Овен во проширувањето на системот ќе се инвестира и во ревитализација на постоечката наводнувачка мрежа. Од „Стржево“ велат дека годинава ќе менаџираат со наводнување на површини од над 19.000 хектари, а акумулираните само досега 95 милиони метри кубни, вода ветуваат сигурна наводнувачка сезона за над 7.000 корисници.
Стевче Митревски
