Даниел Денковски- најдобар млад научник
Во конкуренција од осумнасесет пријавени му припадна на овој млади магистер по електротехника и информациски технологии поради неговите заложби за научни достигнувања. Денковски смета дека ова ќе биде уште еден поттик за поголема мотивираност за напредок...

Даниел Денковски го доби престижното признание „Најдобар млад научник“ во 2014 година што го доделува претседателот на државата. Во конкуренција од осумнасесет пријавени му припадна на овој млади магистер по електротехника и информациски технологии поради неговите заложби за научни достигнувања. Денковски смета дека ова ќе биде уште еден поттик за поголема мотивираност за напредок.
„Би сакал да ги охрабрам младите луѓе во Македонија постојано да го продлабочуваат и надградуваат своето знаење и да се занимаваат со наука поради слободоумноста, возбудливоста и перспективноста на оваа дејност“, посочи Денковски.
Претседателот на државата Иванов, изрази уверување дека иневстирањето во науката не е трошок, туку влог во развојот на земјата.
„Со инвестирање во науката и со поддршка на младите научници, сакаме Македонија да прерасне во земја на иновации и нови технологии кои ќе бидат двигатели на економијата“, подвлече претседателот Иванов.
Признанието се доделува петта година со цел да поттикне развојот на научната и истражувачката мисла кај македонските научници до 30 годишна возраст.
Фиљана Кока
