Донација на Танц со ѕвездите

12.01.2014 23:23

Со донација од популарното шоу Танц со ѕвездите се заменети вратите во домот за доенчиња и мали деца во Битола. Граѓаните гласајќи за својот фаворит во минатата сезона директно ја помогнале реализацијата на оваа инвестиција. Со новите ПВЦ врати се подобрени условите за живот на децата и е зголемена енергетската ефикасност во установата вели директорката Наташа Младеновска-Лазаревска .

Од првата сезона на Танцот со ѕвездите од гласањето на граѓаните се собрани околу 200 илјади денари. Организаторите на шоуто велат дека и годинава ќе ги донираат средствата од СМС пораките онаму каде што ќе бидат најпотребни. - Наташа Младеновска-Лазаревска, директор на Домот за доенчиња и мали деца во Битола