Со консултански совет до поглем профит – огласот трае уште пет дена
Уште пет дена им остануваат на домашните компании да аплицираат за странска консултантска помош. Искуствата покажуваат дека оние кои користеле експертски совет креирале нови работни места, повисок профит и зголемен извоз...

Речиси половина од фирмите кои користеле странски експерти го подобриле производствениот процес, вработиле нов кадар, обезбедиле пристап до надворешно финансирање во форма на кредити – говорат анализите на пазарот. Бизнисите бараат странски искуства да ги доловат тактиките во кои насоки да ги усовршуваат сопствените капацитети, да дојдат до нови пазари. Уште само пет дена трае огласот за ангажман на нови консултанти наменет за малите и средни фирми, до 250 вработени и најмалку 51 насто капитал.
„Владата го покрива најголемиот дел од трошоците за овие срански експерти, а компаниите кои ги користеа во рамките на првиот циклус, истакнуваа дека имаат позитивни резултати. Тоа е најдобрар мотив и други компании да земат учество во процесот. Имаат уште пет дека рок да аплицираат преку интеренет страницата на Владата, на електронски начин, и на тој начин да добијат можност со помош на странски експерти да го подобрат процесот на своето производство“, вели Александар Ѓорѓиев – портпарол на Владата на РМ.
Со консултантски совет до поголем профит. Досега најголем број, дури 46 насто од странските експерти биле ангажирани во компании за прозиводство на производи од широка потрошувачка, барани биле и во услужните дејности, искуства делеле и во информатичките фирми.
„Им помогнале во однос на подобрување на производниот и услужниот провес, имале подобрувања во однос на делот на маркетингот, како и во делот на процесите на анализа и планирање“, изјави Љиљана Пеева, Стопанска комора на РМ.
Над 80 насто од фирмите корисници се изјасниле дека повторно би побарале ваква стручна помош. Странските консулатнти престојуваат три недели, 90 насто од трошоците за ангажман ги покрива Владата.
Целта е подобрување на деловната клима, развој на производството, освојување на нови пазари и креирање на нови работни места.
Сузана Фиданска- Стоевска
