Атлетико и Реал “мирољубиво“ во првиот меч, Јувентус минимално славеше над Монако

15.04.2015 17:19

Мадридското дерби на минатогодишните финалисти во ЛШ на “Винсенте Калдерон“ заврши без голови. Реал беше поактивен во првото, а Атлетико во второто полувреме. Кралевите имаа 63 проценти посед на топка во своите нозе и 9 удари кон голот на Облак...

Во првите два четвртфинални натпревари од Л Ш имаше многу тензија, а ниту еден погодок од игра. Мадридското дерби на минатогодишните финалисти во ЛШ на “Винсенте Калдерон“ заврши без голови. Реал беше поактивен во првото, а Атлетико во второто полувреме. Кралевите имаа 63 проценти посед на топка во своите нозе и 9 удари кон голот на Облак, а „јорганџиите“ 37% посед и 3 директни удари кон Касиљас. Мечот го одбележаа и серија жестоки дуели, а шпанскиот шампион и во седмиот меч сезонава остана непоразен во пресметките со европскиот првак во кои има 4 победи. По седум дена Реал ќе има шанса за поправен пред своите гледачи на “Бернабеу“ каде што од минатиот август Атлетико на двапати извлече нерешено и еднаш успеа да победи.

Во вториот синоќешен дуел Јувентус се избори за минимална предност против Монако, со голот на Артуро Видал во 57 минута од престрого досеудениот пенал по дуелот на Карваљо и Мората. “Старата дама“ имаше 60 проценти посед на топка, иако и двата тима упатија по 5 удари во рамките на противничкиот гол. Реваншот е следната среда на „Луј 2“ во Монако.