УНХЦР: Не се прави доволно за да се спасат животите на мигрантите
Не се прави доволно за да се спасат животите на се поголемиот број мигранти што преку средоземното море се обидуваат да стигнат до европа. Агенцијата за бегалци на Обединетите нации УНХЦР реагираше по трагичниот бродолом кај либискиот брег во кој настрадаа 400 мигранти, млади луѓе и веројатно многу деца. Само од петокот на италијанскиот брег се истовариле 8 илјади бегалци...

Tрагичниот бродолом во близина на Италија во кој настрадаа 400 мигранти е уште еден аларм за меѓународната заедница. Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации критикува дека не се прави доволно за да се спасат животите на се поголемиот број мигранти кои преку Средоземното море се обидуваат да стигнат до Европа.
Италија која поради близината до африканскиот брег е најблискиот дел од европското копно е особено погодена од падот на режимот во Либија во 2011-тата бидејќи поради хаосот и безвластието се зголеми бројот на потенцијални доселеници и бара помош од Унијата.
Од почетокот на годината загинаа повеќе од 500 мигранти во Средоземното море кое поради постојаните очајни обиди на луѓето од јужниот брег да стигнат до Европа се претвори во најголемата водена гробница во светот. Бројот на бродови со мигранти се зголеми во последните недели. Тоа се должи на поволните временски услови кои го прават патувањето побезбедно. Само во фервуари годинава се удавија повеќе од 300 луѓе на пат кон Европската унија.
Според податоците на италијанската крајбрежна стража во понеделникот биле спасени 2.851 мигранти, а најмалку 9 загинале. Додека пак во текот на викендот пак биле спасени 5.629 луѓе.
Неколку хуманитарни организации меѓу кои и организацијата „Спасете ги децата“ постојано ја повикуваат Европската Унија да ги засили спасувачките операции во Медитеранот во пресрет на големиот прилив мигранти кој вообичаено се случува во текот на летните месеци.
Брисел за сега останува само на апелите- Европа мора да се подготви за бранот мигранти коишто бегаат од конлфиктните зони како и од сиромаштијата.
Марина Автовска
