„14 часа“ го освои Париз
Висока оценка од критиката и публиката добија уметничките креации на примабалерината Александра Мијалкова и првенецот Васил Чичијашвили...

Македонска претстава го освои срцето на Париз. Публиката со силни аплаузи и овации го награди ансамблот на Македонската опера и балет за изведбата на „14 часа“, кој за прв пат настапи во лулката на балетската уметност.
Висока оценка од критиката и публиката добија уметничките креации на примабалерината Александра Мијалкова и првенецот Васил Чичијашвили.
„14 часа“ е модерно балетско дело кое е комплетен македонски производ, со музика на Кирил Џајковски, кореографија на Игор Киров, костими на Александар Ношпал, а режијата и либретото се на Наташа Поплавска.
Гостувањето на МОБ во Париз беше реализирано со финансиска поддршка на Министерството за култура, во организација на „Трето уво“ и фестивалот „Сиа Пари“.
