Бостон обезбеди разигрување, а четирикратниот финалист Мајами извиси

15.04.2015 18:02

Со кошот на Џеј Краудер на 8 секунди до истекот на времето најтрофејниот тим дојде до својата 5 едноподруго победа или вкупно 39 сезонава, со што го осигура учеството во “плеј офот“...

Кошаркарите на Бостон го совладаа Торонто со 95 : 93 и успеаја да обезбедат место во постсезоната во НБА лигата. Со кошот на Џеј Краудер на 8 секунди до истекот на времето најтрофејниот тим дојде до својата 5 едноподруго победа или вкупно 39 сезонава, со што го осигура учеството во “плеј офот“. Во годината кога останаа без најголемите звезди од калибарот на Пирс и Рондо, тоа е големо остварување на подмладениот тим на “Селтикс“.  Екипата на Мајами која 4 години по ред беше финалист и освои две титули, за првпатѕ останува без пласман во “плеј офот“. 
 
На сличен колосек е Индијана, која мина низ многу искушенија и дури по 2 продолженија дојде до победата над Вашингтон со 99 : 95. Џорџ Хил имаше блескава партија со 24 поени 10 скока и 9 асистенции за 38 победа сезонава со која сеуште се на 8 позиција, но за да останат таму ќе треба да слават и на гостувањето во Мемфис. Во спротивно се отвораат опции за Бруклин кој го дочекува Орландо. На западот “мртвата трка“ за 8 место е меѓу Оклахома Сити и Њу Орлеанс, со тоа што “Тандерс“  и гостуваат на отпишаната Минесота, а “Пеликаните“ го пречекуваат Сан Антонио, кој има 11 победи по ред и со мотиви да се избори за втортата позиција во конференцијата.