Анкета: МТВ со најдобра празнична филмска понуда

13.01.2014 12:40

И повторно на националниот јавен сервис, МРТВ понуди најквалитетен празничен филмски избор, прифатлив за сите

Новогодишните и божиќните празници се денови кога понудата на телевизиската програмата мора да биде весела, опуштена, забавна, ралаксирачка... Прилагодена за сите вкусови, афинитети и возрасти, што е дополнителен предизвик за телевизиските куќи кои натпреварувајќи се за својот рејтинг кај гледачите, се обидуваат да продуцираат и понудат што поинтересна, погледлива, поприфатлива празнична ТВ програма. Во неа секако спаѓа и празничната филмската понуда, која според сите истражувања е важен сегмент од новогодишната ТВ понуда.
 
Резултатите од истражувањата велат дека покрај забавно-музичките емисии и шоу програми, за празниците гледачите најмногу покрај малиот екран "ги лепи" и добриот филм.Одговорот на прашањето што понудија домашните телевизии на филмски план за празниците повторно го добивме онаму каде што е најлогично да се бара, кај ТВ гледачите. Нашиот портал Вистина.мк изминатите денови спроведе низа анкети во кои со помош на гласовите на ТВ гледачите истражувавме која од локалните и националните телевизии понуди најдобра новогодишна, филмска ТВ програма.
 
ТВ гледачите и наши читатели гласаа, а резултатите, кога е во прашање новогодишната филмска ТВ понуда стојат вака:
 
Се покажа дека на нашата анкета во целост кореспондира со реалноста. Обичниот телевизиски конзумент како што знаеше да ја препознае единствената ТВ понуда која имаше концепт за издржана, забавна, опуштена, реалксирачка... програма, наменета за сите возрасни и таргет групи, а при тоа програма која ги задржи високите ТВ стандарди и понудениот квалитет, знаеше да ја препознае и добрата празнична филмска ТВ понуда.
 
И повторно на националниот јавен сервис, МРТВ понуди најквалитетен празничен филмски избор, прифатлив за сите.
 
Најмладите уживаа во новогодишните изданија и авантурите на нивните омилени цртани јунаци Том и Џери, анимираните авантури и акции како Супермен: Судниот ден, семејните комедии како Божиќ со ѓаволестиот Денис, ги гледавме акциите и мисиите на најпознатиот таен агент на светот од серијалот за Џејмс Бонд во филмовите Трошка надеж и Казионо Ројал со Даниел Крејг во улогата на агентот 007.
 
Тука беа акциите како Бришач, Колатерална штета или Црвена жештина со легендарниот Арнолд Шварценегер во главната улога, потоа историската драма Триста, или драмите како Преку шините и Божиќни чевли, крими драмата Пукнатина со сер Ентони Хопкинс во главната улога, трилер драмите Очи широко затворени и Адвокат на ѓаволот... и уште грст антологиски светски филмски остварувања, вклучувајќи ја и ТВ премиерата на нашиот Трето полувреме!
 
Со еден збор, кога е празничната филмска програма во прашање, Националниот ТВ сервис имаше најбогата, жанровски најразнородна и најквалитетна филмска ТВ понуда со осмислен телевизиски концепт и квалитет прифатлив за сите возрасти и вкусови.
 
Со ова МТВ и во овој сегмент не се разликуваше од водечките светски телевизиски куќи, за разлика од останатите домашни телевизии, кои горе-долу беа во рамките на просечноста со по некој инцидентен празничен филмски блесок, за што говорат и резултатите од нашата анкета темелени на гласовите од гледачите.