Звезда и Будуќност имаат предност пред второто коло
Во првата полуфинална во АБА лигата, иако триумфот изгледа лесен и се зборува дека е доминантно извојуван без проблеми, победникот беше решен во најситен детаљ...

Звезда води, домаќин е и на втората средба, доби 3 од 4 одиграни сезонава против Партизан. Во првата полуфинална во АБА лигата, иако триумфот изгледа лесен и се зборува дека е доминантно извојуван без проблеми, победникот беше решен во најситен детаљ. Тоа се натпревари во кои што е раѓаат нови ѕвезди, а калиниќ во клучните моменти и Џенкинс континуирано низ целата средба, беа икс факторот на црвено-белите.
Партизан постојано губеше, но со негатива што се поминува во 2-3 напади. Големите екипи, тогаш се најопасни. Најопасни се и кога губат, затоа што се свесни дека нема што да загубат. Црвена Звезда е домаќин и на втората средба, ќе ја следиме во живо на мтв од 21 часот, најверојатно Милутинов нема да игра по повредат ана окото во дуелот со Блажиќ.
Мачван е премалку под кошот, периметарот на црно-белите е пред испит. Павловиќ во најлошо време од сезоната е вон ритам, но и тој не може сам, иако е можеби најквалитетниот индивидуалец во јадранската лига. 2:0 ќе биде премногу, но тешко дека најдобрата екипа по регуларниот дел, ќе дозволи да го загуби она што го чека повеќе од една деценија.
Загревање за големото дерби, најголемото на балканот, ќе биде црногорско-хрватската пресметка, меќу Будуќност и Цедевита. Домаќинот победи во првиот меч, со 1 поен позитива, натпревар што лесно можеше да се претвори во клучниот брејк што го чека загрепската екипа. Евидентно е дека Будуќност има проблеми под кошот и тешко ги сопира високите играчи на гостинот. На другата страна, мозокот кук постигна само 1 поен, но тој го одработе своето во останатите сегменти од играта.
Ритамот што претстои, две соочувања во два дена и потоа уште две викендов, им одговара на гостите, кои што имаат подолга клупа и помлади кошаркари. Но, им недостасуваше жестина во одбраната, момент што искусните Црногорци одлично го искористија. 2:0 или 1:1, ќе видиме од 18:30, во живо на Македонската Телевизија.
