Новата ИПА програма за проектите од Македонија и Албанија тежи 12 милиони евра
Во Струга денеска беше промовирана новата програма на ИПА СБС Прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија.Оваа програма претставува продолжение на првата која беше реализирана од 2007 до 2013 година. Со претходната програма и двете држави постигнаа напредок, имајќи ги предвид географската и демографската положба на пограничнат алинија кад ее многу тешко да се вметнат инвестиции за економски развој...

Со помош од Европската Унија ќе бидат обезбедени 11,9 милиони евра за новата ИПА прекугранична програма помеѓу Македонија и Албанија во периодот до 2020 година. Од овој износ приближно 11 милиони се предвидени за грантови со кои ќе се финансираат прифатените проекти. Целта е да се стимулира поизбалансиран и одржлив развој на прeкуграничната област меѓу двете земји.
„Ги охрабрувам сите субјекти од двете страни да аплицираат со што поквалитетни проекти“, рече Лирим Шабани, министер за локална самоуправа на Р. Македонија.
Програмата се фокусира на три тематски приоритети: поттикнување на туризмот и културното и природно наследство, подобрување на конкурентноста, трговијата и инвестициите и екологијата, подобро прилагодување кон климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик.
„Ова е многу битен момент зато не треба да заборавиме дека им се помага на тие зони кои што немаат добри, големи инвестиции,зато ЕУ се фокусира на овие прекугранични области за да им помогне“, изјави Клајда Ѓоша, министер за Европски интеграции од Албанија.
Албанија и Македонија со пари ос ЕУ ќе го поттикнуваат туризмот, културата, природното наследство, бизнисот, трговијате, инвестициите но и заштитата на животната средина. ЕУ сака да биде сигурна дека овие проекти ќе имаат бенефит за крајна цел.
„Ние сакаме да се осигураме дека пректите што ги придонесуваме во следните програми дека носат бенефити за луѓето на двете држави“, нагласи Клиф Румболд, Амбасадор на Европаска Делегација на Тирана.
Од Министерството за локална самоуправа наведуваат дека до сега најбројни корисници во програма со Албанија се невладинтие организации, стопанските комори и општините во целост.
Јованчо Наумоски
