Работнички и Тетекс финалисти во купот на Македонија
Во реванш натпреварите и двата тима успеаја да ја задржат предноста од првите дуели (2 : 1) остварена на свој терен. Бранителот на трофејот Работнички одигра нерешено 1 : 1 против Ренова во Тетово ...

Екипите на Работнички и Тетекс ќе играат во 23 финале на фудбалскиот куп на Македонија. Во реванш натпреварите и двата тима успеаја да ја задржат предноста од првите дуели (2 : 1) остварена на свој терен. Бранителот на трофејот Работнички одигра нерешено 1 : 1 против Ренова во Тетово и со вкупен резултат од 3 : 2 се избори за големото финале. Тетекс дури по изведување на пенали го елиминира Турново, откако “штофарите“ водеа во првото полувреме а домашниот тим со два гола во второто направи пресврт и дојде до вкупно 3 : 3. Јунак во пенал рулетот беше голманот на Тетекс Манчевски, за 4 : 2 по изведување на удари од 11 метри.
Двата финалисти се поранешни освојувачи на пехарот во купот. Работнички во 5 финалиња трипати се радуваше (2008, 2009 и 2014 година), а Тетекс во 4 финалиња досега е двоен победник (2010 и во 2013 година). Годинашното финале ќе биде можност за “романтичарите“ да му се реваншираат на ривалот за поразот пред 5 сезони, кога Тетекс го освои својот прв трофеј со победата од 3 : 2.
