Кошарка - АБА полуфинале

Партизан израмни, Будуќност зголеми на 2:0

15.04.2015 23:57

За само 24 часа поинаква ситуација во Пионир, Партизан разигран, Црвена Звезда анемична, затоа црно – белите триумфираа со 70:68. Гостите одиграа агресивно...

Минимум четири натпревари во белградското дерби, брејк на Партизан, затоа пак  Будуќност макисмално го исористи домашниот паркет во полуфиналните пресметки во кошаркарската регионална конкуренција..

За само 24 часа поинаква ситуација во Пионир, Партизан разигран, Црвена Звезда анемична, затоа црно – белите триумфираа со 70:68. Гостите одиграа агресивно, во сите статистички елементи беа поуспешни, го надскокаа домаќинот, го затворија Марјановиќ и го оставија на само два поена. Партизан водеше постојано, најмногу со 15 разлика во 28-та минута. Единствено во последниот период црвено - белите беа на ниво, преку Џенкикс со 19 и Вилијамс со 15 коша намалија на само поен, но во последните секунди Милутинов го блокираше обидот на Блажиќ и му донесе 1:1 на Партизан. Мачван со 14, Акојон со 13 и Павловиќ со 11 поени беа најефикасни кај АБА рекордерот. Сега Партизан ќе ја има предноста на играњето пред своите навивачи и тоа во дуелите в сабота и в недела.

Будуќност пак, е на победа до првото клупско АБА финале и до враќање во Евролигата по 12 години, откако за 2:0 славеше против Цедевита со 81:76. И вториот дуел беше незивесно се до последните три минути кога црногорскиот првак побегна на десет позитива. Вечерва разликата во Подгорица повторно беше домашниот кошаркар Савовиќ кој уште еднаш беше најефикасен, овојпат со 22 поена со само две промашувања од игра. Од помош му беше Шеховиќ со 14 коша и 7 скока. Цедевита собра осум топки повеќе под обрачите, но погоди само пет тројки од 22 обида. Гордиќ постигна 17, Бараќ 15 поени. Хрватскиот шамион којашто лани играше во регионалното финале и дебитираше во европската елита, ќе биде домаќин на следниот, а можеби и на двата викенд меча, под услов в сабота да намали на 2:1. Во шесте претходни дуели во Загреб, Цедевита никогаш не загубила од Будуќност.