Американскиот заменик помошник државен секретар Ји во Македонија

16.04.2015 09:28

Предвидено е за време на двоедневната посета Ји да се сретне со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Никола Попоски и со Народниот правобранител Иџет Мемети...

Американсккиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји, денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија, информираа од Амбасадата на САД во Скопје.
 
Предвидено е за време на двоедневната посета Ји да се сретне со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Никола Попоски и со Народниот правобранител Иџет Мемети.
 
Се очекува заменик помошникот државен секретар да има средби и со лидерите на опозициската СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, како и со претставници на граѓанскиот сектор.