Стартува караванот за проектот „Купи куќа, купи стан“
До почетокот на јуни се планира да бидат посетени уште 8 градови низ државава. Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ се планирани презентации...

Министерството за финансии почнува со карван за проектот „Купи куќа, купи стан“. Главната цел е пред граѓаните да се презентираат можностите и поволностите од проектот, со субвенција од Владата да се обезбеди сопствен дом.
Карванот утре стартува од Охрид. До почетокот на јуни се планира да бидат посетени уште 8 градови низ државава. Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ се планирани презентации од претставници на Министерството за финансии, од банките и од локалните градежни компании.
Досега преку проектот се доделени 524 решенија. За субвенционирање на ратите или учествата за кредитите што ги добија граѓаните, од државната каса се издвоени 2 ипол милиона евра.
