Струга: Запленети и запалени рибарски мрежи

16.04.2015 12:11

Во Струга во акомулацијата Глобочица кај месноста Ташмаруништа беа запалени 800 метри запленети рибарски мрежи. Во наредниот период ќе започне и забраната на топловодните риби, а со тоа ќе бидат и зголемени рибочуварски служби со постојан надзор, посебно на оние места кои се специфични за мрест на крапот и топловодните видови риби...

Запленетите преку 800 метри рибарски мрежи во струшкиот дел на Глобочица од страна на рибочуварските служби денес беа запалени а со тоа пратен и апел до рибокрадците дека ќе бидат казнети сите оние кои сакаат да посегнат по рибата на недозволен начин.

Денес сме сведоци на работењето на рибочуварската служба во овие пет месеци на ЗСР Ташма Струга и во овој краток период постигнавем добар резултат и успеавме да заплениме голем број мрежи и му кажавме стоп на рибокрадството. И понатака ќе продолжиме со истиот интензитет во соработка со ДИС како и полицијата ќе ги гониме сите оние кои што ќе посегнат по рибите на недозволен начинизјави секретарот на ЗСР Ташма Струга, Миролсав Аврамоски.

Владата на Република Македонија за прв пат оваа година со финансиска поддршка од 5 милиони денари токму за оваа намена ги додели овие средства на користење на концесионерите на риболовните ривери.

За таа цел Владата на Р.Македонија за прв пат оваа година преку програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата одвои 5 милиони денари како финансиски средства кои ќе можат да ги користат концесионерите на риболовните ревири и рекреативните ззони во Р.Македонија со цел подобра физичка заштита на рибите од посочените зони и риверивели Јован Бојчески, инспектор по рибарство.

Во наредниот период ќе започне и забраната на топловодните риби а со тоа ќе бидат и зголемени рибочуварските служби со постојан надзор посебно на оние места кои се специфични за мрест на крапот и топловодните видови риби.

 

Јованчо Наумоски