САД: Протести на работниците во индустријата за брза храна
16.04.2015 12:34
Под мотото „Борба за 15 долари“, работниците бараат зголемување на минималните плати...

Работниците во индустријата за брза храна во САД се кренаа на големи протести. Под мотото „Борба за 15 долари“, работниците бараат зголемување на минималните плати.
„Работниците од индустријата за брза храна протестираат во 230 градови. Ќе штрајкуваме во уште 123 градови надвор од САД“, изјави Кендал Фелс, организатор.
МекДоналдс и уште неколку синџири за брза храна претходно најавија дека размислуваат да ја зголемат платата за еден долар на час над минималната и да им овозможат на работниците платени слободни денови.
