Патот Прилеп- Ресен повторно затворен поради свлечиште

16.04.2015 12:44

И делницата од брана „Маврово“ до селото Маврово, ќе биде затворена за сообраќај за тешки товарни возила и за автобуси наредните два месеца...

Поради свлечиште на патот Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин и возилата се пренасочуваат низ Битола, соопштуваат од диспечерскиот центар на „Македонија пат“.

Поради изведување на градежни работи за санација на свлечиште кај Маврово, делницата од брана „Маврово“ до селото Маврово ќе биде затворена за сообраќај за тешки товарни возила и за автобуси наредните два месеца.

Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку селото Леуново.