Годишна конференција на Путин: Економските проблеми се национална грижа

16.04.2015 13:45

Се очекува да трае околу 4 часа, бидејќи добил 1,2 прашања по телефон, 24.000 по ММС, 285.000 по СМС, 6.500 видео пораки и околу 190.000 мејлови...

Рускиот претседател Путин ја држи годишната конференција на прашања и одговори. Национална грижа на Русите се економските проблеми, поврзани со санкциите и надворешната политика во светлото на ситуацијата на истокот на Украина.

„Мора да ја искористиме ситуацијата со санкциите за отворање нови хоризонти и развој на економските гранки“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Се очекува да трае околу 4 часа, бидејќи добил 1,2 прашања по телефон, 24.000 по ММС, 285.000 по СМС, 6.500 видео пораки и околу 190.000 мејлови. За прес конференцијата, Путин се консултирал со министрите и со експертите два дена. Прашањата се прегледани и нема да биде поставено ниедно премногу критичко или премногу лично.