Матичните мајчини книшки се менуваат со електронски
Мајчината книшка во хартиена форма заминува во историјата. Матичните гинеколози текот на бременоста на трудниците го внесуваат во системот „Мој термин“. Преку електронската мајчина книшка податоците за трудниците ќе бидат достапни до сите матични гинеколози...

Гинеколошките прегледи на трудниците, детали од породувањето и податоци за новороденчето - гинеколозите ќе мора да ги внесени во електронската мајчина книшка која веќе е достапна. Докторот кој прв пат ја прегледува бремената жена ќе има увид за било кој период од бременоста што е важно за намалување на здравствените ризици, предверемено породување и раѓање на деца со аномалии.
„Со мајчината книшка ќе имаме детален увид за секоја бремена жена дали ги прави тие прегледи или не. Имаме можност да гледаме тие жени што не ги направиле прегледите да можеме телефонски да ги побараме, да ги поканиме да дојдат да се направи преглед. Идејата е да се контролира бременоста во целиот нејзин тек, така сериозно ќе влијаеме на подобрување на здравствената состојба на бремените жени“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
На овој начин шансите за губење на податоците за текот на бременоста на трудниците се многу мали. Сите 142 матични гинеколози во земјава добија упатство за начинот за пополнувањ е и водење на мајчината книшка.
Андријана Атанасовска
