Горан Миленков- нов претседател на Антикорупциска
16.04.2015 15:25
Вети транспарентност во работењето...

На конститутивната седница на новиот состав на Антикорупциската комисија, Горан Миленков е избран за претседател. Вети транспарентност во работењето.
„Со стручните искуства што го имаме секој зад себе, ќе ја постигнеме целосно целта на законот на кој почива работата на оваа Комисија за спречување на корупцијата. Работата на Комисијата во овој состав ќе биде многу транспаретна, многу јавна. Ќе бидете известувани целосно, јасно, одговорно за сите преземени надлежности што се во рамки на Комисијата“, изјави Миленков.
Првиот Антикорупционер Миленков, засега без конкретен одговор колку предмети наследил од својот претходник Сламков.
