Младинките до 19 години пред нов квалификациски предизвик

16.04.2015 15:53

Нашите надежи предводени од в.д. селекторот Симе Симовски ќе се обидат да ја искористат новата шанса за афирмација на женскиот ракомет и во конкуренција на Црна Гора, Холандија и Исланд да обезбедат прво или второ место во групата кои носат на еврошампионатот...

Од утре до недела во Срц Кале во Скопје, женската младинска репрезентација на Македонија ќе учествува на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Шпанија оваа година.

Нашите надежи предводени од в.д. селекторот Симе Симовски ќе се обидат да ја искористат новата шанса за афирмација на женскиот ракомет и во конкуренција на Црна Гора, Холандија и Исланд да обезбедат прво или второ место во групата кои носат на еврошампионатот.

Македонските јуниорки го отвораат турнирот утре со мечот против Исланд, според рејтингот најлесниот противник. В сабота  е дуелот со врсничките од Холандија а конечниот пласман ќе биде познат по  двобојот со првиот фаворит Црна Гора на последниот ден од квалификациите.

Во подготвителнот период последните проверки на формата беа двата пријателски гостински натпревара со младинките на Србија. Во првиот нашите ракометарки славеа со 28-24, дебитантска победа на предводникот Симовски, додека во втората средба загубија со 23-21.

Селекторот е задоволен од контролите и посакува стартен триумф над Исланд, подобрување на играта во одбрана што може да биде клуч за изненадување и успешни квалификации.

Сите натпревари нашите јуниорки ги играат од 18.30 часот во Срц Кале во Скопје а ќе бидат пренесувани на собранискиот сервис на МРТ.