Корупциски скандал во Бразил
Уапсен е главниот сметководител на владејачката Работничка Партија. Извлекол 800 милиони долари од градежни и инженерски компании за надувани договори со државниот нафтен гигант Петробрас...

Бразил го тресе најголемиот корупциски скандал во историјата – уапсен е главниот сметководител на владејачката Работничка Партија. Извлекол 800 милиони долари од градежни и инженерски компании за надувани договори со државниот нафтен гигант Петробрас. Обвинети се уште 100 луѓе, а под истрага се 50-тина политичари.
„Се бориме за да го вратиме Петробрас. Јас и владата се бориме во интерес на бразилскиот народ. Се бориме за контрола врз нафтните полиња, суверенитетот и иднината на земјата и на образованието“, изјави претседателката на Бразил, Дилма Русеф.
Скандалот го зголеми притисокот врз претседателката која се соочи со повеќе протести, гласање недоверба и остар пад на рејтингот.
