Трибина

ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе: Да не дозволиме во тонењето на Зоран Заев да се повлече и Македонија

16.04.2015 17:12

„Да не дозволиме во тонењето на Зоран Заев да се повлече и Македонија“ - членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со порака од трибината во Свети Николе. Според нив, граѓаните не треба да бидат загрижени за безбедноста на државата и покрај тоа што го прави СДСМ. „Нашите дела зборуваат за нас, а вие граѓаните секојдневно го гледате“ - рекоа тие...

„Зоран Заев тоне, да не дозволиме да ја повлече и Македонија“ - порачаа од трибината во Свети Николе, членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Гордана Јанкулоска рече дека лидерот на СДСМ свесно работи на дестабилизација на земјата со тоа што избира да пушта, како што вели креирани и монтирани материјали кои се однесуват на безбедносните служби и на економијата, со цел да се нарушил стабилноста и кредибилитетот на државата. 
 
„Меѓутоа македонскиот народ е доволно мудар и паметен и не треба Зоран Заев да ни каже како работи Владата, локалните самоуправи и зошто вие сте застанале зад мнозинството на кое му верувате. Ние за жал се најдовме во една ситуација во која еден просечен политичар се обидува да го диктира темпото на политичката сцена во Македонија, притоа не е свесен дека како инструмент на странски служби всушност е само алатка која се користи за нарушување на мирот на граѓаните на Републиката“, изјави Гордана Јанкулоска.
 
Владимир Пешевски рече дека граѓаните не треба да бидат  загрижени  за безбедноста на државата и покрај тоа што го прави опозицијата.. 
 
„Она што сега се нуди е како всушност како тие ја гледаат државата. Значи тие нудат проект со кој соработуваат со странски служби, проект со кој влегуваат во приватноста на разговорите на илјадници граѓани, а тоа е проект кој е базиран на нелегално стекнати материјали“, нагласи Владимир Пешевски.
 
Нашите дела зборуваат за нас, а вие граѓаните секојдневно го гледате, рече Спиро Ристовски. Говорниците на трибината констатираа дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ се заснова на прогресивен концепт, а на СДСМ на деструктивен.
 
„Она што сме го ветиле во програмите за работа години наназад во овие изборни процеси, ние сме првата влада којашто пред излегување на други избори прво излегуваме со отчет во кој пред вас, граѓаните, говориме за се она што го имаме реализирано и за она што не сме успеале да го реализираме сме искрени, без да лажеме, кажуваме поради таа и таа причина овој проект е одложен и не сме успеале да го реализираме. Ние не велиме дека сме идеални и совршени, ние знаеме дека имаме определени грешки во функционирањето, но секој што работи знае и да згреши“, рече Спиро Ристовски.
 
Членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ потсетија на реализираните инфраструктурни проекти и на мерките кои во текот на изминатите години придонесоа да се намали стапката на невработеност и да се создадат нови работни места преку домашни и странски инвестиции. Најавија и нови.
 
 
 
Наташа Гркова- Петрушевска