Директна линија со Путин - ТВ маратон со прашања и одговори

16.04.2015 17:26

Рускиот претседател Владимир Путин со оптимистички тон се обрати до нацијата. Најави натамошен раст на рубљата и стабилен пазар. Коментирајќи ја состојбата на истокот од Украина, рече дека Москва нема империјалистички амбиции туку сака спроведување на договорот од Минск...

Путин и се обрати на нацијата за состојбите во земјата. Време за прашања и одговори, главна преокупација за Русите е економијата во светлото на западните санкции и украинската криза. Путин смирува – економијата го издржала ударот и ќе се врати во раст за помалку од две години.
 
„Може да биде и побрзо. Гледаме дека рубљата зајакнува и раст на пазарите. Мислам дека ќе биде и побрзо“, изјави претседателот на Русија.
 
Рускиот претседател Владимир Путин со оптимистички тон се обрати до нацијата. Најави натамошен раст на рубљата и стабилен пазар. Коментирајќи ја состојбата на истокот од Украина, рече дека Москва нема империјалистички амбиции туку сака спроведување на договорот од Минск... 
 
„Долгот на САД е повисот од БДП-то. Тоа е опасен фактор и сигнал, не само за САД, туку и за светската економија. Погледнете колку проблеми има во Еврозоната, се распаѓа по рабовите поради земјите должнички“, нагласи Путин.
 
За ситуацијата со Украина, Путин го повтори ставот дека таму дефинитивно нема руски војници, но Москва има интерес етничките Руси во соседните земји да имаат пристоен живот. „На САД не им требаат сојузници, туку вазали, а Русија не може да опстојува во таков систем на односи“, рече и ја префрли врз Западот одговорноста на обновувањето на добрите односи.
 
„Немаме империјалистички амбиции, но имаме право да си го кажеме мислењето. Сакаме да биде спроведен договорот од Минск“, вели Путин.
 
Путин зборуваше и за внатрешната политика – опозицијата има право да учествува во руската политика, рече во врска со притворот на опозицискиот лидер Навални, а смртта на Немцов ја нарече трагичен и срамен настан.
 
„Не знам кои биле нарачателите. Треба да почекаме да дознаеме“, одговори рускиот претседател.
 
Русија внимателно ги следи сите настани поврзани со Исламска Држава, но нема да се вклучи во борбите бидејќи не за неа не постои директна закана, рече Путин. За прекинувањето на санкциите кон Иран, објасни дека ќе го испорача одбранбениот ракетен систем С-300 бидејќи Техеран покажал волја за за постигнување договор. Прес конференцијата траеше околу 4 часа. Беа поставени речиси два ипол милиони прашања, прочешлани од советниците, за да нема ниту премногу критички ниту премногу лични.
 
 
 
Ивана Салтировска