Денови на француската кинематографија во Битола
Земјата позната во филмскиот свет по Канскиот фестивал, по четврти пат во градот на браќата Манаки со недала на францускиот филм. Овојпат главно се работи за ангажирани филмски остварувања, чија порака е за толеранција и почитување на другиот...

Пивилегија и задоволство е кога претставувате дел од вашата филмска индустрија во колевката на балканската филмска уметност. Не е сеедно каква ќе биде критиката од градот на браќата Манаки, за кој неодамна до УНЕСКО беше фрлена ракавицата да биде прогласен за Светски град на филмот, вели француската амбасадорка во земјава, Лорен Оер.
„Познато е дека Франција има една голема филмска индустрија. Ние на оваа уметност посветуваме големо внимание и годишно создаваме доста филмски дела. Посебно горди не прави што го имаме престижниот Кански фестивал чија програма денеска и беше објавена“, рече амбасадорката Оер.
По деновите на македонската култура во Франција, недела на францускиот филм во Битола. Манифестација која битолските филмомани ја доживуваат на свој начин
„Доагам на француските филмови затоа што се сосема поинакви од американските продукциии“, вели Елена Трпезановска.
„Јас учам во паралелка каде францускиот јазик ни е прв странски јазик кој го учиме, ова е убава можност преку филмското платно да го почуствувате тој акцент“, вели Ивана Коџасинска.
Позитивните коментари ги оправдува и фактот што во континуитет ова е четврто издание на францускиот филм.
„Изминатите три мини фестивали беа навистина посетени. Овојпат очекувам уште повеќе бидејки филмовите ќе се прикажуваат во големата сала и на новата HD техника“, вели директорот на Француската алијанса, Гијом Жавуе.
Четиридневниот фестивал синоќа го отвори филмот „Далеку од луѓето“ кој во моментов во Франција важи за еден од најактуелните филмови кој до светот преку филмското платно ја испраќа пораката за толеранција и почитување на другиот.
Со таков дух ќе биде и вечерашната проекција на филмот „За луѓето и боговите“.
Стевче Митревски
