Убиство во скопски Љуботен

17.04.2015 11:52

Според МВР има осомничен, при што се преземаат сите мерки за негово приведување...

Инцидент во скопското село Љуботен. Синоќа едно лице е убиено со истрели од автоматска пушка по 22 часот. Станува збор за 31-годишниот Џеваир М. кој бил донесен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, по што дежурниот лекар констатирал смрт.

Според МВР има осомничен, при што се преземаат сите мерки за негово приведување и за расчистување на инцидентот.